Македонија 31. август 2019. / 18:33

(ФОТО) Знамето со Сонцето од Кутлеш нацртано во Пробиштип

(ФОТО) Знамето со Сонцето од Кутлеш нацртано во Пробиштип

Знамето со Сонцето од Кутлеш беше нацртано на ѕид во Пробиштип.

Откако стапи на сила забраната за употреба на македонскиот симбол – знамето со Сонцето од Кутлеш, согласно Договорот од Преспа, револтиран граѓанин истото го нацрта на ѕид во Пробиштип.

До нашата редакција пристигнаа фотографии од Сонцето од Кутлеш, кое го обои овој ѕид.

Инаку овој симбол на првото знаме на независна Македонија, повеќе нема да може да се види во јавна употреба, затоа што беше отстрането од јавниот простор, а сите споменици што упатуваат на античката елинска историја и цивилизација ќе се означуваат соодветно, согласно со Преспанскиот договор. Сепак ваквата забрана не ги спречи револтираните граѓани да го цртаат на јавни места.