Македонија 11. ноември 2020. / 17:13

(ФОТО) Земјотресот предизвика одрон на патот Маворов-Дебар

(ФОТО) Земјотресот предизвика одрон на патот Маворов-Дебар

Земјотресот попладнево кој се случи во Општина Центар Жупа, во близината на Маврово, придонесе за одрон на патот Маврово – Дебар.

Ова е како афтер шок од силниот земјотрес кој со интензитет од 5 степени, утрово ја погоди истата област.

Засега нема пријава за други штети, а во последните 12 часа, покрај двата поголеми, таму имаше неколку помали потреси.

Од АМСМ ни изјвија дека екипи работат на расчистување на патот.

Поради одрон, патот Маврово – Дебар е во прекин. Се работи на расчистување на патот, и обезбедување на проток на сообраќајот, изјавија од АМСМ.