Македонија 06. февруари 2019. / 11:42

(ФОТО)Земјите на НАТО го потпишаа протоколот за членство на Македонија

(ФОТО)Земјите на НАТО го потпишаа протоколот за членство на Македонија

Дваесет и деветте земји членки на Северно-атлантската алијанса денеска во седиштето на организацијата го потпишаа Протоколот за членството на Македонија во НАТО.

На церемонијата се обрати министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој кажа дека процесот не беше лесен, но е подобро кога земјата има пријатели.

Потоа Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги повика поединечно сите држави да го потпишат протоколот.

Димиторв изрази огромна благодарност до сите кои ја поддржаа Македонија.