Претседателот на Владата Зоран Заев присуствуваше на пригодната вечера што беше организирана по повод посетата на Неговото Височество принцот Едвард на Република Северна Македонија.
На вечерата премиерот Заев и ринцот Едвард се задржаа во куси разговори со гостите на вечерата, дел од стипендистите на академската програма Чивнинг на Велика Британија, претставници на организации што работат со деца и младинци, претставници на помладата генерација претприемачи од бизнис заедницата, претставници на организации со програми за човекови права, како и со претставници на граѓанските организации.
Во своето обраќање, Неговото Височество принцот Едвард, се заблагодари за топлиот прием во земјата при неговата повторна посета. На вечерата Премиерот Заев и Принцот Едвард изразија согласност дека партнерството меѓу Велика Британија и Северна Македонија ќе продолжи и во иднина, во областите за кои двете земји имаат заеднички интереси.