Северна Македонија е општество на еднакви можности за сите граѓани, а љубовта е љубов, пишува на Фејсбук страницата на Владата на Македонија.
Секој ден имаме можност да избереме како ќе помогнеме за поголема еднаквост за секој од нас, борбата за повеќе права нема да престане се додека имаме дискриминација. Прифаќањето почнува од секој од нас, не со грандиозни дела туку со секојдневни мали чекори преку кои ќе прифатиме дека мораме и треба да живееме едни со други. Независно кои сме и од каде доаѓаме, во општеството треба да направиме простор за секој од нас, а сексуалната ориентација и родовиот идентитет не смеат да бидат основа за дискриминација, напиша претседателот Стево Пендаровски во поддршката.
На Парадата се присутни голем број поддржувачи од земјава и странство и јавни личности. Парадата се одржува под засилено полициско обезбедување, а интерес за настанот има не само од домашните, туку и од странски медиуми.