Премиерот Зоран Заев го доби медалот Алојз Мок за посебни достигнувања за мир и единство во Европа, од страна на канцеларот на Австрија Себастијан Курц.
Заев смета дека овој медал е признание за успехот на сите заедно.
– Огромна благодарност за укажаната чест од канцеларот на Република Австрија Себастијан Курц којшто беше голем партнер и пријател на Република Македонија и останува со нас и како Република Северна Македонија.
Признанието коешто го добив од него денеска, медалот Алојз Мок за посебни достигнувања за мир и единство во Европа, е признание за успехот на сите заедно.
Особено ме радува фактот што медалот го носи името на човек којшто имал одлучувачка улога за пристапот на Австрија во Европската Унија. Алојз Мок одиграл голема улога и за членството и другите земји од источна Европа во ЕУ. – напиша Заев на Фејсбук.