ВМРО-ДПМНЕ во овие моменти го одржува протестот против оваа ненародна власт, објави Курир.
Истиот се одвиваше со автомобили, а крајна цел беше Владата на Македонија од каде народот го искажа својот револт против како што велат од партијата криминалот, корупцијата и неправдите и прогонот во нашата земја.
Протестот во Скопје започна од пред салата „Јане Сандански“ во Аеродром во 18:30 часот, а колоната потоа заврши пред Владата.
Инаку вечерва протести се одржуваат и во седум други градови низ државата.