Македонија 28. септември 2018. / 18:20

(ФОТО+ВИДЕО) Штрајк во оранжерии на Заеви: Не можат да ја водат ни својата фирма!

(ФОТО+ВИДЕО) Штрајк во оранжерии на Заеви: Не можат да ја водат ни својата фирма!

Вработените во Еко-оранжерии Анска Река од денеска се на штрајк незадоволни од условите во кои работат. Незадоволството кулуминирало откако раковотството на фирмата во повеќе наврати ги лажело и им ветувало дека ќе им ги исполни сите барања.

Главното барање на вработените е да им се исплатат заостанатите плати, заклучно со месецов, Заеви ќе им доцнат три плати. Платите во оваа компанија се на минималец (околу 12.000 денари).

Вработените ни јавија дека фирмата е во сопственост на Трајче и Бобан Заеви, инаку братучеди на премиерот Зоран Заев, а директорка е госпоѓа блиска до нив. Оваа компанија од скоро доби дозвола за одгледува марихуана.