Македонија 07. јуни 2020. / 16:11

(ФОТО+ВИДЕО) Шекеринска фатена во Маврово – побегна од карантинот кој самата го гласаше!

(ФОТО+ВИДЕО) Шекеринска фатена во Маврово – побегна од карантинот кој самата го гласаше!

Додека главниот град Скопје е под полициски час, министерката за одбрана Радмила Шекеринска со друштво се забавува во луксузна викендичка во Маврово – покажуваат фотографиите и видеата кој ги обезбеди редакцијата на “Лидер”.

Минатата недела владата одлучи Скопје да биде ставен под карантин од четвртокот во 21:00 часот до утре изутрина во 05:00 часот.

Радмила Шекеринска гласаше за оваа одлука, а веднаш чим ја донесе, замина во Маврово да прави журка заедно со пријателите.

Екипата на “Лидер” го фотографираше нејзиниот автомобил заедно со уште неколку други автомобили на пријатели со кои Шекеринска организира карантин забава во Маврово.

Додека многу граѓани се затворени дома поради мерките кои им ги донесе Шекеринска, таа ужива во Маврово.

 

И градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов ужива во Маврово додека скопјани се во карантин! Таа вест со ексклузивни слики од Шилегов како стои на тераса можете да ја прочитате ТУКА.