Иако се наоѓа на само 7 километри од Охрид, селото Долно Коњско веќе неколку денови е затрупано во снег и отсечено од цивилизација.
Патиштата се целосно потрупани со снег и непроодни, а околу петстотини жители на Долно Коњско немаат никаков пристап до градот.
В.Д. Градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски не презема никакви мерки да се исчиста главниот пат кон Долно Коњско. Фотографии од моменталната состојба објави Охрид24 на Фејсбук.