Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев, за големиот празник Св. Јован Крстител го посети селото Мождивњак, општина Крива Паланка.
Ѓорчев запали свеќа во црквата и оствари средби со жителите на ова село.
-Тука долги години, долги децении, долги векови се селската слава Свети Јован Крстител. Честит именден на сите кои што денес имаат именден, на сите оние кои што се викаат Јован. Нека има убави денови во вашето семејство, нека има прослави, нека има бериќет. Ова е убава селска слава, ова е наша македонска традиција. – рече Ѓорчев во видео обраќањето од селото.