Македонија 06. април 2020. / 11:59

(ФОТО) Чулев и Николоски го пречекаа Сијарто

(ФОТО) Чулев и Николоски го пречекаа Сијарто

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, при доаѓањето во штабот на ВМРО-ДПМНЕ беше пречекан од потпретседателот Николоски и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Сијарто ќе одржи и прес-конференција заедно со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски, по чие барање Унгарија достави медицинска помош за борба против епидемијата на корона вирусот.

Претходно, Сијарто имаше средба со министерот за надворешни рабти Никола Димитров и вицепремиерот Бујар Османи.