Македонија 16. јуни 2020. / 17:46

(ФОТО) Струмичани порачаа дека им е доста од Заев

(ФОТО) Струмичани порачаа дека им е доста од Заев

На граѓаните на Струмица им е доста од Зоран Заев и неговото владеење во градот и во државата.

Тоа е пораката од граѓанската герила-акција изведена рано утринава, во која на еден од надвозниците во градот, група граѓани закачија транспарент на кој е испишана пораката: „Заев, доста беше“.

Очогледно незадоволството од политиката што ја води Заев е се поголемо и поизразено и во неговата матична општина, каде што беше градоначалник во периодот од 2005 до 2016 година.