Група од стотина Албанци се собраа на протест пред седиштето на СДСМ, за да го изразат своето незадоволство од разрешувањето на Арбен Зибери од позицијата директор на Центарот за јавно здравје – Скопје, Арбен Зибери.
Демонстрантите преку транспаренти ја оценија таквата одлука како политички мотивирана.
Птетходно, министерството за здравство информира дека Зибери бил разрешен поради пласирање на неточни изјави во јавноста со што директно наштетило на угледот на членовите на Комисијата за заразни болести, доведувајќи го во прашање кредибилитетот на здравствените институции во борбата со корона вирусот.
По таквата одлука, реакција стигна од ДУИ, од каде остро го осудија постапувањето на министерот за здравство Венко Филипче против директорот на Институтот за јавно здравје во Скопје Арбен Зибери, што според нив, било мотивирано врз дневнa политичка цел, одмазда и во функција на парламентарните избори.
Ова политичко постапување на Филипче директно го загрозува здравјето на граѓаните и главната институција во борбата против Ковид-19 и загрозува илјадници граѓани. Кандидатурата на Насер Зибери за прв премиер Албанец им го замагли видот и умот на политичките опоненти кои не бираат средства за борба против еден Албанец на чело на институциите и на Владата, и по цена на загрозување на јавното здравје на граѓаните. Овој недоличен, брутален и популистички акт со елементи на етничко влијание и политичка одмазда е порака за сите Албанци, за целата албанска дијаспора и сите други граѓани. Ова постапување е неприфатливо бидејќи е мотивирано против семејството на албанскиот кандидат за премиер, затоа казната за овие антиалбански постапки ќе се даде на 15 јули од граѓаните на ова земја – изјавија тогаш од ДУИ.