Македонија 03. март 2019. / 14:52

(ФОТО) Стево Пендаровски се поклони на ДУИ

(ФОТО) Стево Пендаровски се поклони на ДУИ

Стево Пендаровски од Конгресот на СДСМ во хотелот „Александар Палас“ во Скопје за кусо време се префрли во Мала Речица на состанок во седиштето на ДУИ, каде што се разговара за претседателските избори.

Не е познато дали Пендаровски се обратил пред раководството на владиниот коалиционен партнер, кој во петокот заедно со СДСМ и другите партии од владеачкото мнозинство објавија дека за нив националниот координатор за НАТО е прифатлив „консензуален кандидат“ за претседател на државата.

Во моментов на Конгресот на СДСМ на програмата е затворениот дел за јавноста по обраќањето на премиерот Зоран Заев, а говорот на Пендаровски пред членовите на СДСМ се очекува да биде подоцна.