Секретарот на Охридската болница, Антонио Наумовски денес се вакцинирал со вакцината на Фајзер како приоритетен, иако не е ниту лекар или медицинско лице, пренесува Страна.мк
Наумовски кој е правник по професија работи во болницата во Охрид како секретар.
Директорот Горан Балески вчера изјави дека тој денес ќе се вакцинира заедно со дел од лекарите и медицинските сестри кои работат директно со заболените од коронавирусот.
„Сите досега пријавени од Општата болница ќе се вакцинираат со вакцината на ‘Фајзер’ која прва пристигна во државава. Нашата болница е Ковид-центар и сите кои ќе се пријават ќе бидат вакцинирани. Ова за нас многу значи, ќе може многу порелаксирано да работиме без страв дека како здравствен персонал ќе заболиме. Вакцинацијата треба да биде и обврска за персоналот, ние треба да покажеме дека вакцината е безбедна и секој треба да се вакцинира“, изјави Балески.
Пред една недела Србија и донира 4600 вакцини на Фајзер на Македонија, а вакцинирањето на медицинските лица и лекарите кои се приоритетни почна во средата.