Македонија 17. февруари 2019. / 15:43

(ФОТО) Силјановска се прошета низ Охрид со Мицкоски и со Иванов

(ФОТО) Силјановска се прошета низ Охрид со Мицкоски и со Иванов

Лидерот на ВМРО-ДПМЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил објави фотографии од прошетката низ Охрид со кандидатот на партијата за претседателските избори, професорката Гордана Силјановска Давкова и претседателот Ѓорге Иванов.

– Денеска во Охрид го имав задоволството заеднички да разговараме со актуелниот и цврсто верувам, идниот Претседател на Република Македонија. На Македонија и требаат луѓе кои ќе ги штитат интересите, кои ќе ја заштитат волјата на граѓаните, и кои ќе бидат бескомпромисни борци за словото на законот и правната држава. И тоа во време кога правдата е нападната од неправда и кога владата ја гази волјата на народот. – напиша Мицкоски.