Македонија 08. март 2019. / 13:07

(ФОТО) Силјановска, Царовска, Филипче и Манчевски заедно на протест!

(ФОТО) Силјановска, Царовска, Филипче и Манчевски заедно на протест!

На денешниот марш за женски права по повод 8-ми март, што се одржа во жена парк во центарот на Скопје. На едно место заедно ги собра, Мила Царовска, Венко Филипче и Дамјан Манчевски од СДСМ и претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ професороката Гордана Силјановска.

Тие заедно маршираа за родова еднаквост, женски права и слобода.

Девојки, жени, мајки, сестри, баби, вработени, невработени, феминистки, активистки и сите оние кои сметаат дека женската борба за економска, политичка и социјална рамноправност е важна и сè уште трае!

На 8 Март, со почит кон досегашните победи на жената за родовата еднаквост и подготвени за предизвиците кои ни престојат на нас, по трет пат маршираме под слоганот „Дали е среќен 8 Март?“

Ве повикуваме да марширате заедно со нас со почеток во 12 часот од Жена Парк преку Плоштад Македонија, Камениот Мост, до плоштадот Филип Втори, за еднакви права, еднаква плата, достоинствен живот и должно почитување!, стоеше во најавата за денешниот марш.