Македонија 29. мај 2020. / 23:14

(ФОТО) Шекеринска „во строј“ пред грбот на УЧК

(ФОТО) Шекеринска „во строј“ пред грбот на УЧК

На социјалните мрежи се појави фотографија од министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, како позира пред знамето на Република Албанија, но и пред грбот на УЧК.

Фотографијата е направена за време на посетата на Шекеринска на општина Кичево и средбата со градоначалникот Фатмир Дехари, со кого разговарале за состојбата со епидемијата на Ковид-19.

За посетата, на социјалните мрежи, информира и Дехари, но без притоа да ја објави оваа фотографија.