Македонија 15. мај 2019. / 18:14

(ФОТО) Шекеринска го пречека британскиот принц Едвард

(ФОТО) Шекеринска го пречека британскиот принц Едвард

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, денеска, го пречека принцот Едвард, син на Кралицата Елизабета.

– Ми беше чест да го пречекам Prince Edward, Earl of Wessex, најмладиот син на Кралицата Елизабета. Уникатна посета која зборува за одличните односи меѓу 🇲🇰 и 🇬🇧. – стои во објавата на министерката на Фејсбук.

Инаку принцот Едвард ќе биде во дводневна посета на државата каде ќе оствари бројни средби.