Македонија 18. јуни 2018. / 20:06

ФОТО: Се монтираат камери пред Собранието на Република Македонија

ФОТО: Се монтираат камери пред Собранието на Република Македонија

Денеска пред Собранието на бандерите се поставуваат камери, кои најверојатно за цел имаат да ги снимаат граѓаните кои протестираат.

Инаку, уште на првиот протест кој беше организиран од навивачката група Комити, беше забележливо невообичаено силно полициско присуство.

На фотографија која ја објави порталот „Република“ беше очигледно присуството на фотографи од Министерството за внатрешни работи, кои ги снимаа граѓаните кои протестираа.

Коментарите се дека со поставувањето на камерите сега, ова е уште еден начин да се снимаат граѓаните кои протестираат.