Македонија 12. March 2019. / 10:21

(ФОТО) Револтирани битолчани предлагаат Петровска да се запише во Гинисовата книга

(ФОТО) Револтирани битолчани предлагаат Петровска да се запише во Гинисовата книга

Револтирани битолчани предлагаат градоначалничката Наташа Петровска да се запише во Гинисовата книга на рекорди, за најбавна реконструкција на улица во градот на Конзулите.

Општината веќе две години гради улица од 500 метри, па битолчани одлучија овој феномен да го пријават во Гинис. Тие веќе ја пополниле апликацијата за пријавување и до редакцијата на „Лидер“ испратија фотографии.
Тие во пријавата пишуваат дека не знаат кога улицата ќе биде готова.
– Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска асфалтира улица од 500 метри веќе 2 години. Ние, граѓаните на Битола не знаме кога ќе се заврши со улицата, но мислиме дека ќе биде светски рекорд и вие треба да ја регистрирате нашата градоначалничка како носител на тој рекорд. Улицата е во центарот на градот – улица Климент Охридски. – напишаа битолчени во апликацијата.
Граѓаните до редакцијата на „Лидер“ испратија и фотографии од незавршената улица.

Инаку незадоволството од работата на локалната власт, предводена од СДСМ, се потврдува и со анкета, спроведена неодамна од телевизија 24. Според анкетата дури и граѓаните од редовите на СДСМ се против Наташа Петровска.

Имено, во видеото се појавува и таткото на претседателот на ОО на СДСМ Битола, Методија Тасевски. Тој вели дека Петровска треба да си даде оставка.

– Да си даде оставка. Нема ништо направено во градов. – вели таткото на претседателот на СДСМ во Битола.

Граѓаните во анкетата велат дека Битола е уништена.

– Беспарица и уништена Битола, веќе ништо немаме во Битола. – вели една госпоѓа од испитаниците.