Македонија 10. јануари 2021. / 11:39

(ФОТО) Прекин на сообраќајот кон Маврово поради паднати дрвја

(ФОТО) Прекин на сообраќајот кон Маврово поради паднати дрвја

По обилните дождови во моментов е во прекин сообраќајот кон Маврово од клучката за Стража.

Веќе е создадена огромна колона возила.

Полицијата информира дека се работи за одрони од камења и паднати дрвја на угорницата кон Маврово.

Од 10:55 часот со изменет режим на сообраќајот на патот Гостивар-Стража се пропушта наизменично известуваат од АМСМ.

Надлежните служби работат на отстранување на пречките на патот.

Веќе 1 час сообраќајот према Маврово се движи отежнато и споро, информираат случајни минувачи, за порталот порта.мк.

Фото: порта.мк
Фото: порта.мк
Фото: порта.мк
Фото: порта.мк