Македонија 31. јануари 2020. / 11:06

(ФОТО) Пред избори СДСМ со изградба на џамија ќе им се додоворува на Албанците

(ФОТО) Пред избори СДСМ со изградба на џамија ќе им се додоворува на Албанците

Во скопско Лисиче изминативе три дена се копаат темелите за новата џамија, пишува Курир.

Градоначалникот на СДСМ, Златко Марин, обично на големо се фали за проектите, но за ова молчи. Не ја информира јавноста дека најчесто во раните утрински часови или подоцна навечер, испраќа работници да градат џамија.

Првичната официјална информација дека СДСМ одобрува градба на џамија во овој дел на Скопје, каде нема мнозинство од граѓани Муслимани, излезе на 30-ти август 2018-та година.

На улица „Божин Николов“ во Лисиче, зацртано е и заверено да се гради верски објект-џамија. Граѓаните на општина Аеродром уште тогаш кажаа што мислат за идејата, пишува Курир.

До пред неколку дена ова беше само уште едно “ветено-нереализирано“ дело на Марин, но ете баш сега, скоро две години по ветувањето и индикативно токму пред избори, темелите се ископаа и градбата почнува.

СДСМ има очајна потреба да им се додворува на Албанците пред избори, факт кој во повеќе наврати го потврди и самиот Заев и врхушката на партијата. Кога сфатија дека поддршката кај Македонците им е сведена на минимум, а тоа им го покажаа бројните анкети, одлучија да се завртат кон малцинството.

Првата идеја за џамија во Лисиче беше обелоденета во 2013-та година.

Тогаш 150 муслимански семејства кои живеат во Горно Лисиче, испратиле барање до Исламската верска заедница да се изгради џамија во овој дел на општина Аеродром.

Тие бараа ИВЗ да издејствува од општината дозвола за изградба на верски објект во близина на нивните куќи, во кој секојдневно ќе може да ги извршуваат верските обреди,.

Имаме и имот, сопственост на ИВЗ, на кој ќе може да градиме, само чекаме дозвола. Општината нè одби со образложение дека треба да се создадат посебни услови за тоа и да се промени Деталниот урбанистички план, кој не е во наша надлежност. Јас сум за изградба и на цркви и на џамии, бидејќи тие се градат за верниците и онаму каде што има потреба, нека се кренат, изјавил тогаш скопскиот муфтија Ибрахим Шабани.

Во тоа време, градоначалник на општина Аеродром беше Ивица Коневски. Тој излезе со аргумент дека 99 отсто од населението во Горно Лисиче е православно и нема доволен број граѓани за потребата од изградба на џамија, која напротив може да има контраефект и да предизвика несакани последици.

Марин, за разлика од Коневски, свесно влегува во провокација, само со цел да им “замачка очи“ на Албанците од овој дел на Аеродром да гласаат за него.

Граѓани Македонци од овој дел на Лисиче изминативе денови ја контактираа редакцијата на КУРИР.

Темелите ги копаат во време кога повеќето од нас се на работа. Колку безобразно го прават тоа. Па со ваквиот начин сами потврдуваат дека нешто не е во ред. Да беше во ред ќе си градеа кога треба.

„Џамија во Лисиче, еве ви кажувам, нема да има. Нека не си играат со нас, Македонците“.

„За оваа џамија се зборува со години. Зошто баш сега почнаа да ја градат? Па јас имам соседи Албанци, заедно коментиравме и тие се согласуваат дека ова е намерно пред избори. Какво потценување на интелигенцијата“.

Последниве години, откако само неколку семејства Албанци се доселија во Лисиче, верниците се молат во приватна куќа адаптирана како џамија.

Вознемирувачка е идејата локалното население да се побуни на овој чекор, факт кој власта секако го има во предвид можеби и планирано како провокација со која ќе собира албански гласови во останатите средини, претставувајќи се како партија која ги застапува правата на оваа етничка заедница.

За потсетување, разгорувањето на етничките тензии пред избори и досега беше докажан и проверен рецепт на СДСМ во минатото, на страна што партијата во своето дејствување честопати го користи мотото „повторувањето е мајка на знаењето“?!, пишува Курир.

Дали историјата се повторува?