Македонија 31. декември 2018. / 11:20

(ФОТО) Партизација: Спасовски дели партиски книшки на профил на МВР

(ФОТО) Партизација: Спасовски дели партиски книшки на профил на МВР

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски направи груб упад во државната функција со промоција на партиски активности на својот официјален Фејсбук профил, објави Експрес.мк.

Како министер Спасовски не смее да промовира било какви партиски или други приватни активности.

На истиот профил на МВР тој промовира и кампањи на министерството и доделување партиски книшки на членови на СДСМ.

-На крајот на годината нема ништо поубаво отколку да ви се зголеми семејството. Општинската организација на СДСМ Куманово од денеска е побогата за 814 членови, млади луѓе ентузијасти кои сакаат да се вклучат во партијата. Јас на сите нив им честитам за изборот да бидат дел од СДСМ во време кога се испишува историјата на државата, кога треба да се искористат сите капацитети. Со ова испраќаме порака дека СДСМ секогаш е отворена за квалитетни, млади, образовани кадри, кои што сакаат да се вложат и во партијата и во државата – напиша Спасовски на својот официјален профил на Фејсбук.

На профилот на Спасовски во делот информации има линк кој води до министерството за Внатрешни работи и неговата функција што е неспоиво со било каква партиска активност.

Инаку Спасовски има уште еден приватен профил.