Македонија 18. март 2020. / 22:41

(ФОТО) Пари за маски и опрема за докторите нема – ама има за фејсбук маркетинг!

(ФОТО) Пари за маски и опрема за докторите нема – ама има за фејсбук маркетинг!

Додека бројот на заболени од корона вирусот расте – маските и ракавиците се штедат, на што периодов укажуваат медицинските лица, но затоа министерот за здравство, Венко Филипче, не штеди да потроши средства за спонзорирање на неговите фејсбук објави.

Досега двајца доктори и две медицински сестри од Дебар се позитивни на корона. Новинарите упорно го прашуваат Филипче, и речиси секогаш неговиот одговор е дека здравствените работници се заштитени.

Според кажувањето на медицинскиот персонал заштитни маски и скафандери добиваат само оние кои се во директен контакт со заболените, но не и останатите лекари во болниците и амбулантите.