Македонија 22. мај 2019. / 18:28

(ФОТО) Ова е новиот директор на Агенцијата за разузнавање

(ФОТО) Ова е новиот директор на Агенцијата за разузнавање

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски го назначи Еролд Муслиу за нов директор на Агенција за разузнавање, информираат од кабинетот на шефот на државата.

Муслиу порано работел во Управата за безбедност и контраразузнавање, а во последниве години во Агенцијата за разузнавање.

Претседателот Пендаровски во наредните денови ќе назначи и свои членови во националниот Совет за безбедност.

Советот за безбедност го сочинуваат претседателот на државата, претседателот на Собранието, премиерот, министрите кои раководат со органите на државната управа од областа на безбедноста, одбраната и надворешните работи, како и тројца членови назначени од шефот на државата.

Кој е Еролд Муслиу?

Еролд Муслиу, завршил Факултет за безбедност во Скопје како еден од најуспешните студенти. Муслиу по дипломирањето веднаш бил вработен во 1994 година во Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање и постепено напредува по скалилото на хиерархијата како исклучително посветен и висок професионалец. Со формирањето на Агенцијата за разузнавање, тој преминува да работи како разузнавач. Тој е полиглот, зборува повеќе јазици, интелектуалец меѓу безбедносните професионалци, а за него високите претставници од пријателските безбедносни служби отворено во јавноста изразиле мислење дека тој е олицетворение на највисокиот формат на професионалец од областа на безбедноста и разузнавањето. Во 2011 година, бил еден од кандидатите на претседателот на државата, Ѓорге Иванов за директор на Агенцијата за разузнавање. Тој е непартиски кадар како предлог за директор на УБК.