Македонија 10. септември 2019. / 12:44

(ФОТО) Николоски на средба со Зани од партијата на Салвини: Продлабочување на соработката меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Лега

(ФОТО) Николоски на средба со Зани од партијата на Салвини: Продлабочување на соработката меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Лега

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во Брисел оствари средба со Марко Зани, европратеник од Италија од „Лега“ на Салвини.

Денес во рамки на посетата на Брисел се сретнав со Марко Зани- Пратеник во Европскиот Парламент од партијата „Лега“ на Матео Салвини од Италија. Марко Зани е член на највисокото раководство на „Лега“ на Салвини, а во исто време и Претседател на групата „ Идентитет и Демократија“ – политичка група во Европскиот Парламент која брои 73 пратеници во Европскиот Парламент.
Со господинот Зани зборувавме за воспоставување соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Лега како политички партии, како и за потесна соработка помеѓу Македонија и Италија. На средбата го информирав господин Зани за актуелните случувања во Македонија, назадувањето на економијата, корупцијата, состојбата со владеењето на правото, како и предизвиците со кои Македонија се соочува. Зборувавме за стратешкиот приоритет за интерграција на Македонија во Европската Унија. Исто така зборувавме за неопходноста од одржување предвремени избори и во Италија и во Македонија на кои граѓаните ќе го кажат своето мислење каде треба да се движи политиката и кој да ги води.
На средбата заклучивме да ја продлабочиме соработката во следниот период и да оствариме партиски посети на Италија како и возвратна на Македонија, пишува Николоски.