Македонија 13. мај 2019. / 13:40

(ФОТО) Кумашинката на Заев дел од делегацијата со министерот Николовски во Чешка

(ФОТО) Кумашинката на Заев дел од делегацијата со министерот Николовски во Чешка

Кумашинката на Зоран Заев, Љупка Митрова, на социјалните мрежи се пофали дека е во Брно, Чешка, заедно со тимот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, објави Република.

Македонската делегација, на чело со министерот Љупчо Николовски, е во тридневна официјалната посета на Република Чешка, во рамките на која придружувани од пет македонски компании од агросекторот, присуствуваа и на Националниот саем за сточарство што се одржува во Брно.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ljupka Mitrova (@ljupka_mitrova) on

Струмичанката се претставува себе како блогерка и инфуенсерка, а на Инстаграм, каде секојдневно објавува провокативни фотографии, има над 100 илјади следачи.

Мојата појава била инфлуентна уште кога знам за себе, од секогаш сум се издвојувала од опкружувањето. Едноставно тоа е во мојата природа, тоа сум Јас, изјави таа во интервју за „Убава.мк“.

Триесетиедногодишната Митрова е разведена и мајка на две деца. Во регионот се прослави како девојката на победникот на „Големиот брат“, кумановецот Дарко Спејко.

Таа важи и за голем поддржувач на кумот Зоран Заев, и редовно му ги честита сите негови успеси.

Како што неодамна пишуваше „Инфомакс“, таткото на Љупка, Горан Митров – Гна е кумашин на Зоран Заев и бизнис ортак на Вице Заев, дел од струмичката градежна мафија.