Македонија 17. јануари 2020. / 11:53

(ФОТО) Компанијата на Муковски доби тендер вреден 1,2 милиони евра за изградба на објект

(ФОТО) Компанијата на Муковски доби тендер вреден 1,2 милиони евра за изградба на објект

Пратеникот Крсто Муковски од ВМРО-ДПМНЕ, кој гласаше за промена на име и поради тоа беше исклучен од партијата, неговата компанија ,,Атриум ДОО” од Вевчани доби тендер од државното акционерско друштво за изградба и стопанисување со деловен простор.

На 30 декември 2019 година неговата компанија ,,Атриум ДОО” од страна на државното акционерско друштво за изградба и стопанисување со деловен простор доби тендер за изградба на објект во Свети Николе во вредност 76.960.351 денари или 1.251.000 милиони евра.