Македонија 12. март 2021. / 12:13

(ФОТО) Која репрезентација ја победи Данска? Бурни реакции од народот на статусот на Наумче Мојсоски

(ФОТО) Која репрезентација ја победи Данска? Бурни реакции од народот на статусот на Наумче Мојсоски

Поранешниот ракометар на македонската репрезентација и Металург, а актуелен поддржувач на политиките на СДСМ и поради тоа директор на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски, на својот Фејсбук профил ја честиташе вчерашната победа на ракометарите на Македонија над Данска.

Но она што не остана незабележано, е избегнувањето да го користи терминот Македонија, истовремено пишувајќи го името на нашиот противник „Данска“, бидејќи тоа не може да му предизвика никаков проблем.

Лицемер, сервилен, предавник, се само дел од зборовите кои беа упатени кон Мојсоски во секцијата за коментари, а ретко каде можеше да се забележи позитивен коментар кој го поддржува неговиот статус.

Во прилог, погледнете што мислат граѓаните за Наумче Мојсоски:

Прочитајте го статусот и сите коментари:

🇲🇰🇲🇰🇲🇰Вечерва маестрално ја победивме ракометарската репрезентација на Данска, со што македонските ракометари заблескаа…

Posted by Naumce Mojsoski on Thursday, March 11, 2021