Македонија 12. април 2018. / 20:46

(ФОТО) Коѕијас пречекан во Охрид со билборд “Крај на преговорите за името”

(ФОТО) Коѕијас пречекан во Охрид со билборд “Крај на преговорите за името”

Крај на преговорите за името, пишува на билбордот поставен на централната охридска улица по која во најмалку два наврати поминала колоната во која бил грчкиот министер за надворешни работи.

На билбордот поставен од страна на Македонското Меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) од Канада уште пишува “Нашето име е Македонија” и “Не ни го земајте името и идентитетот”

Во пораката од македонската страна се бара прекин на преговорите за името.