Македонија 09. мај 2019. / 14:24

(ФОТО) Картата на „Голема Албанија“ на протестот за Диво Насеље

(ФОТО) Картата на „Голема Албанија“ на протестот за Диво Насеље

На скопскиот плоштат „Скендерберг“ почна протестот за осудените од случајот Диво Насеље, а како што може да се забележи поддршка на протестот дадоа неколку десетина граѓани.

Демонстрантите бараат правда и слобода за осудениците.

Граѓаните кое се придружија на протестот држат транспаренти за правда за малиот Алмир, но и транспаренти со УЧК и со картата на „Голема Албанија“. На големиот транспарент со таканаречената голема Албанија стои и слика на Арсим Бајрами за кого се бара слобода.