Во Беровското село Ратево денеска се одржува традиција која е стара 500 години. Токму таму е пратеникот Владимир Ѓорчев кој на социјалните мрежи објави низа фотографии од маскенбалот.
„Длабоки се нашите корени. Убаво е да се биде дел од вакви настани и пријатни луѓе кои топло те пречекуваат“ – вели Ѓорчев во видеото во кое ги честита празниците.
Обичај е секој на влезот од селото да добие црн белег на лицето, пишува уште пратеникот.