Македонија 02. мај 2019. / 09:43

(ФОТО) Ѓорчев со честитка до новата министерка за одбрана на Британија: Време е и Македонија да ја води жена!

(ФОТО) Ѓорчев со честитка до новата министерка за одбрана на Британија: Време е и Македонија да ја води жена!

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев на Фејсбук сподели дека, кон крајот на минатата година остварил средба со сегашната министерка за одбрана на Велика Британија.

Мордаунт вчера беше поставена на министерската позиција во обединетото кралство, па нејзиниот колега Ѓорчев и честита за назначувањето.

Денес Penny Mordaunt MP беше именувана за нов министер за одбрана на Велика Британија.

Таа е прва жена – министер за одбрана во Велика Британија. Стана пратеник во 2010 година од редовите нa Conservatives, сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ.

Congratulations – честитки за изборот! Мило ми е што имав можност да ја запознаам и да зборувам со неа минатата година во Бирмингем за време на конвенцијата на Конзервативната партија.

Да продолжиме да го градиме пријателството и сојузништвото меѓу Македонија и Велика Британија. ?? ??

Уште нешто, наместо P.S:

Шеф на државата во Велика Британија е жена – кралицата Елизабета Втора.

Шеф на владата е премиерката Theresa May, а денес за прв пат жена стана министер за одбрана.

Време е Македонија да ја добие првата жена – претседател, поради нејзините квалитети и довербата од народот.

Среќно Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова, напиша Ѓорчев.