Македонија 11. јануари 2019. / 21:56

(ФОТО) Филипче ја вакцинираше внуката со игла со капаче – евтин маркетинг!

(ФОТО) Филипче ја вакцинираше внуката со игла со капаче – евтин маркетинг!

„Единствено добро што родителите можат да направат за своите деца е да им овозможат добро здравје, грижа и многу љубов. Утрово, во амбулантата Млин Балкан ја вакциниравме мојата внука Илина. Вакцините се безбедни, ефикасни и нѐ заштитуваат од разни болести”, напиша Филипче .

По оваа објава родителите почнаа бурно да реагираат на социјалните мрежи:

Eli Perkova Milevska А сестрата да го извадеше капачето од иглата пред да боцка!
П. С Лошо го сокрила со прстите!
Со овакви манипулации тешко дека луѓето ќе имаат доверба во здраството

Елена Атанасова напиша: Aхаха, со која вакцина…Со витамин Б6.

Daniel Danco Bojkic Аман лудаци па ти си бил министер а таа до тебе доктор која вакцинира дете без ракавици неписмено се до едно

Јулија Давидковска вели: Ова сигурно не е МРП вакцина, таа се дава на 13 месеци, а не на 4-5 месеци. Кого лажете министре? Толкава прашина се крена за МРП вакцината не за другите вакцини. Не пиеме нафта, а и кој знае што вакцина е ова и дали воопшто ја боцнале.

Ана Ана пишува: Зошто е потребно вакво нешто, и сега треба да верувам дека се е во ред со вакцината, искрено воопшто не ме интересира дали сте ја вакцинирале внуката.

Ивана Иванова коментира: Колку е ова глупо, да ја вакцинираш внуката за да му докажеш на народот дека вакцините се во ред, а скандалот што ве тресе мислите ќе се заборави?

Александра Новевска Павловиќ коментира: Прво велите министерот нека си ги вакцинира своите деца, па после нека збори. Еве човекот ја вакцинирал својата внука па повторно коментирате дека ова е многу глупо…

Тијана Димова Веселиновиќ прашува: Да не е со тие со погрешна декларација? Дека нели супер се тие ,само техничка грешка имаат.

Луиза Микова вели: Не ми се верува какви скептици се овие млади родители па вашите родители ве носеле на вакцини, мислам дека премногу си давате важност дека сте новопечени родители.

Фичипче ја вакцинира внуката со игла со капаче… Не прееба кој стигна и напрае будала од нас.

Кирацоски, Данска а сега и овој…
Гаси светло!

Од Министерството повикуваат децата да се вакцинираат и посочуваат дека има доволно количини МРП вакцини. Вакцините кои се аплицираат во сите здравствени домови се со добар квалитет, од европски производител и имаат добар рок на траење, наведуваат од Министерството.