Пред Владата на Република Македонија денеска на свечена церемонија ќе биде подигнато знамето на НАТО, а најавено е обраќање на премиерот Зоран Заев.
На платото пред Владата веќе пристигаат гостите кои ќе ја следат церемонијата. Во први редови можат да се забележат пратеникот Амди Бајрам седнат до поранешниот премиер на СДСМ, Владо Бучковски. Меѓу гостите е и поранешниот премеир Љупчо Георгиевски, пренесува Фокус.
Од зградата на Владата вчера веќе беше отстранет написот „Влада на Република Македонија“ откако грчкиот Парламент го ратификуваше Пристапниот протокол за членство на Македонија во НАТО.
Се испраќањето на Вербалната нота од Атина со која ќе го информира Скопје дека се ратификувани Договорот од Преспа и Протоколот за членство во НАТО и дека се исполнети сите правни услови за влегување во сила на конечната спогодба и уставните амандмани, се очекува да почне примената на новото име „Република Северна Македонија“. Потоа во Службен весник ќе биде објавен датумот на влегување во сила на уставните амандмани и уставниот закон.