Македонија 04. февруари 2019. / 20:45

(ФОТО) Еве кој се возеше со Заев во Маврово – посетителите висеа на жичарницата

(ФОТО) Еве кој се возеше со Заев во Маврово – посетителите висеа на жичарницата

Премиерот Зоран Заев предизвика бурни реакции во јавноста, откако со мотор се возеше, заедно со тајфата, низ скијачкиот центар Маврово.

Откако објавивме видеа од уживањето на премиерот, социјалните мрежи се наполнија со фотографии од настанот.

Имено Заев беше придружуван од негови блиски соработници и сопартијци.

Меѓу нив е и Фатон Асани од Агенцијата за управување со одземен имот.

Асани на Фејсбук, јавно, сподели неколку фотографии од убаво поминатиот ден во Маврово.

Инаку според правилата на скијачкиот центар Маврово, објавени на нивната веб страница, се забранува приватни моторни санки да се движат по било кои скијачки стази.

Погледнете како уживаше премиерот:

Инаку Лидер претходно објави две видеа од „лудиот“ ден на нашиот премиер.

Заев и тајфата со АТВ-моторчиња се забавувале возејќи се по скијачката стаза.

Претходно граѓанин, револтиран, ни изјави дека стазата беше специјално затворена за премиерот да може да се забавува.

-За да може да се забавува царот со својата свита, од скијачкиот центар ја затворија стазата, па ние кои бевме дојдени специјално за скијање, извисивме за Заев да си го задоволува кеифот. – раскажува за Лидер еден од посетителите.

 

 

Посетителите до нас доставија и видео придружено со фотографии.