Македонија 13. април 2019. / 20:09

(ФОТО) Дурловски со поддршка за Сиљановска: Ја отпеа химната на големиот митинг

(ФОТО) Дурловски со поддршка за Сиљановска: Ја отпеа химната на големиот митинг

Големиот митинг кој вечерва го организира опозициската ВМРО-ДПМНЕ го отвори оперскиот пеач, маестро Игор Дурловски кој ја интонираше државната химна.

Дурловски беше еден од предводниците на иницијативата „За заедничка Македонија“, а судот го ослободи од одговорност за случајот „27 април“.

На денешниот митинг, токму тој ја отпеа државната химна со што и дава поддршка на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова.

Во живо, видео од митингот: