Македонија 29. јуни 2020. / 11:48

(ФОТО) ДУИ се подготвува за првата Владина седница

(ФОТО) ДУИ се подготвува за првата Владина седница

На булеварот пред зградата на Владата засилено се одвиваат подготвите за промоцијата на владината програма на ДУИ.

Како што највија од партијата, Насер Зибери, кандидатот за прв премиер Албанец, денеска напладне пред Владата ќе ја презентира, како што велат од ДУИ, владината програма на првата владина седница.

Денес, понеделник, 29 јуни, со почеток во 12:00 часот, пред зградата на Владата во Скопје, првиот албански премиер ќе ја одржи првата владина седница на која ќе им ја претстави владината програма на граѓаните – соопштија од ДУИ.

Пред зградата на Владата уште од утринава е поставена бина, а се поставуваат столици на соодветно растојание.

За сè да биде организирано како што треба се грижат Бујар Османи, Артан Груби и Фатмир Бесими.