Македонија 27. април 2019. / 17:36

(ФОТО) Дивоградбата бетоњерка на Нефи Усеини се гради: Константин Георгиевски не може да пронајде чија е!?

(ФОТО) Дивоградбата бетоњерка на Нефи Усеини се гради: Константин Георгиевски не може да пронајде чија е!?

Во Охрид законот важи за сите, освен за оние кои се дел од власта. На стариот пат Охрид – Струга (ул. Гоце Делчев бб.), на помалку од 50 метри од езерото, никнува огромна бетноска база која ја гради советникот на ДУИ во Охрид, Нефи Усеини, познат по дивоградбата која ја гради кај чинарот.

За бетоњерката која Нефи Усеини ја гради, не постои никаква градежна дозволна, а дополнително против-законски е тоа што се гради на помалку од 50 метри од езерото. Според нашите информации од Охрид, сите активности на Усеини се одобрени од страна на В.Д. градоначалникот на Охрид и кандидат на локалните избори од СДСМ, Константин Георгиевски, кој не презема ништо за да го стопира случајот.

До “Лидер”, граѓани доставија неколку фотографии кои го покажуваат објектот.

Се обидовме да стапиме во контакт и со Георгиевски, кој сакавме да го прашаме зошто ја дозволува оваа градба. Но, тој не одговара на нашите телефонски повици. Во исто време, од општината која ја води, Охрид, за медиумите велат дека тие се запознаени со случајот и поднеле кривична пријава затоа што не знаат кој ја гради дивоградбата. Она што и е јасно на целата јавност во Охрид, дека се работи за Нефи Усеини, општината не сака да го детектира.

Направен е и повторен контролен увид, донесен е Заклучок за отстранување на градбата, по што на 03.04.2019 година овластениот градежен инспектор донесол решение за отстранување на нелегалната градба на сметка на непознатиот сторител. Објектот нелегално се градел и за него нема издадено никаква дозвола од страна на Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште. – велат за медиумите, од службата за односи со јавноста на Општина Охрид.

Но, останува скандалозно тоа што тие не можат да го детектираат името на инвеститорот, Нефи Усеини од ДУИ.

-До Основното јавно обвинителство во Охрид е поднесена кривична пријава против непознат сторител за нелегално градење. -Од Секторот за внатрешни работи, овластениот градежен инспектор официјално има побарано помош за утврдување на идентитетот на инвеститорот на нелегалата градба, по што ќе следат соодветните законски постапки. – велат од Општина Охрид.

Оваа не е единствената дивоградба за Усеини, за кого очигледно не важи законот затоа што е дел од власта. Тој гради дивоградба и кај чинарот, дел од Охрид заштитен од УНЕСКО.

-Џабе доаѓате, кај чинарот ќе се гради. Договорено е со Зоран Заев и Костадин Георгиевски. – со овие зборови инвеститорот Нефи Усеини (советник на ДУИ во Општина Охрид и инвеститор на дивоградбата кај Чинарот) завчера им се обратил на инспекторите и обвинителот кој отишле на лице место за да ја стопираат дивоградбата.

Усеини гради дивоградба крај 1000 годишниот чинар, но и покрај незаконитото градење, очигледно има поддршка од премиерот Зоран Заев но и од В.Д градоначалникот на Охрид и кандидат на СДСМ за локалните избори, Костадин Георгиевски.

За инцидентот со обвинителот и инспекторите, Охридското МВР вчера излезе и со официјален став.

Според МВР, инвеститорот на дивоградбата кај Чинарот и советник во Општина Охрид, Нефи Усеини од ДУИ, вербално нападнал инспектор од Скопје, кој сакал да изврши инспекциски надзор на дивоградбата кај Чинарот.

Во вторникот попладнетo во СВР Охрид, лицето Р.К. (39) од Скопје, кој е инспектор за културно наследство од Управата за заштита на културното наследство при Министерството за култура, пријави нарушен ред и мир на плоштадот Крушевска Република, извршен од Н.У. од Охрид, велат од СВР Охрид.

Според пријавеното, Усеини вербално реагирал на вонредниот инспекциски Од охридската полиција велат дека советникот во Општина Охрид од редовите на ДУИ е повикан на разговор, а по комплетирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Дивоградбата кај Чинарот за која Усеини нема потребни дозволи, кои треба да бидат издадени од Општина Охрид, и по еден месец од решението за уривање, остана недопрена од надлежните служби. Општината на 25 март донесе решение за уривање на дивоградбата кај Чинарот и му даде рок од 10 дена на сопственикот сам да ја урне. Речиси еден месец по донесувањето на решението, ниту сопственикот на терасата сам ја урна ниту Општината уриваше.

Инаку, Усеини е во блиски односи со премиерот Заев, што му дава “криља” вака незаконски да гради на локација која е културно наследство за Охрид. Тој, со премиерот се сретна при неговата посета на Охрид, за разлика од лидерот на опозицијата Мицкоски, кои се среќаваше со младите.

Објектот чиј инвеститор е Усеини се појави за време на викендотот на 9 и 10 март кога градежни работници со багери и хилти ја урнаа старата платформа и почнаа да градат нова. Сите градежни активности беа нелегални, но инспекцијата на терен излезе десет дена подоцна.

Освен овој објект, се чини во Охрид не важи законот и кога е во прашање изградбата на минарето. И покрај времената мерка со која се стопираше изградбата на минарето на Али Пашината џамијата во Охрид, помеѓу двата изборни кругови на изборите, интензивно се гради.

“Лидер” дознава, дека поради политички договор за албански гласови, В.Д. градоначалникот на Охрид и кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ Константин Георгиевски – дозволува минарето да се гради.

Во текот на целиот ден се обуваме да стапиме во контакт со Георгиевски, но тој одбива и не одговара на нашите телефонски повици. Георгиевски сакавме да го прашаме зошто и покрај времената мерка, но и ветувањето дека изградбата на дивоградбата ќе се стопира кое го даде премиерот Заев, изградбата продолжува а општината која ја води не реагира.

Според тврдењата на извори блиски до Георгиевски, кои тој не сака преку изјава да ги демантира, тој се испазарил и дозволува против законски да се гради минарето а за возврат да добие гласови од локалното муслиманско население.

-СДСМ директно застанува против интересите на охриѓани со тоа што Константин дозволува оваа дивоградба да се гради. Погледнете го видеото, ова е снимено вчера. – вели за “Лидер”, разочаран партиски активист на владејачката СДСМ од Охрид, кој ни достави и видео.

Се обидовме да стапиме и со претставници на ИВЗ од Охрид, но секретарот Газменд не сакаше да ни одговори зошто дивоградбата се гради. Само не пренасочи повеќе информации да побараме од реисот Сулејман Реџепи.

-Не сум во Охрид. – ни рече имамот Газменд,

Инаку, премиерот Зоран Заев пред скоро еден месец, при посета на Охрид на граѓаните им вети дека ќе се стопира изградбата на минарето додека не се расветли случајот. Датумот за изнаоѓање решение беше “по 5ти мај”. Но, очигледно и тој како и одговорниот Костадин Георгиевски, предизборно, заборавил на ветувањето.