Македонија 02. февруари 2019. / 18:02

(ФОТО) Директорот на царина се обрука: Заев држи трибина, тој паркира каде сака!

(ФОТО) Директорот на царина се обрука: Заев држи трибина, тој паркира каде сака!

Директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски, непрописно го паркира автомобилот, објави Охрид24.

Откако вчера власта одржа трибина за економски теми во Охрид, директорот на Царина, денеска си се паркира каде ќе му текне.

Охриѓани бурно реагираа откако фотографијата од непрописно паркираниот автомобил на Танасоски се прошири на социјалните мрежи.

Ова е сообраќаен срам и недозволиво, бидејќи од граѓаните се бара да ги почитуваат законите, а функционерите можат да ги кршат, без никој да реагира.