Министерот за надворешни работи Никола Димитров вечерва присуствува на Струмичкиот карневал, па оттаму на својот Фејсбук профил објави фотографија заедно со премиерот Зоран Заев и шеф на делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија Самуел Жбогар, на која напиша:
-Со маската “Обединета Европа” – амбасадоре, има тука порака, напиша Димитров.
Претходно објави фотографија и во друштво на министрите Венко Филипче и Љупчо Николовски.
–Струмички карневал – без маски, ама со мерак и насмевки. Ги бркаме лошите!