Поради штрајк на вработените во „Еурокомпозит“ целосно е блокиран патот Градско – Прилеп.
Колоните на возила се километарски, како што може да се види на сликите објавени на социјалните мрежи, протестот сеуште трае.
Сеуште нема најава до кога ќе трае протестот и дали ќе продолжи во текот на викендот. Вработените во „Еурокомпозит“ повеќе од една година немаат земено плата, а пред неколку денови група од 11 работници добија и отказни решенија.
АМСМ известување: ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Магистралниот пат Градско – Прилеп кај м.в. Заполски мост е во целосен прекин поради протест.
Погледнете ги фотографиите во продолжение:
Превземено од: Пелагонија.мк