Македонија 27. февруари 2019. / 17:18

(ФОТО) Амди Бајрам заспа на фотелјата во Собранието

(ФОТО) Амди Бајрам заспа на фотелјата во Собранието

Откако пратеникот Амди Бајрам се пожали дека не може да дојде до збор на денешната собраниска седница, фоторепортерите го фотографираа како спие на фотелјата.

Бајрам заспа повторно во законодавниот дом, наместо како претставник на граѓаните да ги штити нивните интереси.

Фото: Цивил

Инаку претходно тој обвини дека го дискриминираат затоа што е Ром и праша дали требало да даде оставка од пратеник.

– Ова не е фер што го правите. И јас сум пратеник, народот ме избрал, или ја не сум важен зашто сум Ром? Сите ве почитувам, па дај бидете хуманитарни. Покажете се и дајте ми да дојдам на ред. Две седници не можам да поставам прашање од моите Роми за случувањата во Шутка. Како да не постојам, тогаш ајде ќе се бришам од пратеник и готово. – рече разочараниот Бајрам на седницата за пратенички прашања.

Фото: Цивил