Македонија 13. јануари 2021. / 15:58

Филипче: Завршено поставувањето на модуларниот ковид-центар во Кичево

Филипче: Завршено поставувањето на модуларниот ковид-центар во Кичево

Министерот за здравство, Венко Филипче, попладнево на својот Фејсбук профил, објави дека е завршена изведбата и поставувањето на модуларниот ковид–центар во Кичево.

-Тој е со површина од 700 метри квадратни и има капацитет од најмалку 45 болнички легла. Ова двојно зголемување на постојниот болнички капацитет е од исклучителна важност граѓаните. Сега можното оптоварување со ковид пациенти нема воопшто да го наруши нормалното обезбедување на здравствени услуги, напиша Филипче.

Завршена е изведбата и поставувањето на модуларниот ковид центар во Кичево. Тој е со површина од 700м2 и има капацитет…

Posted by Венко Филипче on Wednesday, January 13, 2021

 

Исто така, посочува министерот, почнува и изведбата на втората фаза на новата болничка зграда.

-Со ова, значително ги подобруваме условите за престој и медицински третман на пациентите, но и подобрување на условите за работа на здравствените работници. За неколку месеци, првпат ќе биде инсталиран и апарат за компјутерска томографија. Активно вложуваме во здравствената инфраструктура, затоа што јавното здравје е нашата заедничка одговорност, потенцира Филипче.