Македонија 18. јуни 2020. / 22:37

Филипче: Заради семејни собири без маски и дистанца се случи и почеток на втор бран

Филипче: Заради семејни собири без маски и дистанца се случи и почеток на втор бран

Апсолутно не е точно дека лекарите и медицинските сестри кои дојдоа на помош во скопските клиники, изјави минстерот за здравство, Венко Филипче во гостувањето на Клик плус на ТВ21.

Апсолутно не е точно дека медицинскиот персонал кој дојде од внатрешноста е помалку подготвен за постапување во вакви ситуации. Тоа се искусни лекари и медициснки сестри и се крајно професионални, рече Филипче.

За новиот пик, односно зголемен број на заразени Филипче вели дека било предвидено.

Ова беше нешто кое го предвидовме на почетокот на кризата затоа ја додадовме монтажната болница со што капацитетот е зголемен за 72 кревети освен 110-те на Инфективна. Заради семејни собири без маски и дистанца, непочитување на препораките, се случи и почеток на втор бран. Не се целосно исполнети капацитите,  појасни Филипче.

Филипче рече дека дел од здравствените работници се веќе уморни. Бројот на инфектолози е мал, на клиниката има 26 доктори инфектолози. Но, сепак ваква ситуација на мобилизација и ротација на здравствените работници немало никогаш, каков што е случајот и во другите земји.

Министерот за здравство порача дека вирусот нема да изчезне до откривањето на вакцината, затоа, како што рече, мора да се научиме да живееме со истиот и затоа се универзалните препораки за маска, дистанца и дезинфекција.