Македонија 23. август 2018. / 14:44

Филипче за смртта на малата Ева: Докторите треба да се едуцираат

Филипче за смртта на малата Ева: Докторите треба да се едуцираат

Министерот за здравство, Венко Филипче, по повод немилиот настан, смртта на 11-годишната Ева, рече дека е потребна едукација на лекарите во Република Македонија со цел да се намалат ваквите случаи на испраќање пациенти во странство.

„Потребна е едукација на докторите, но и соодветна опрема. Некои работи можеме да ги направиме, но некои не. Ни требаат нови болници за лекување со подобри услуги“, рече Филипче.

Тој истакна дека во план е едукација на лекарите и како во странство, така и во Република Македонија, со странски експерти.

Со ова смета дека ќе се намалат случаите каде пациентите мора да се испратат во странство поради условите кои ги нема во државата.