Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека во последните два дена, кај половина од заразените е забележана британската мутација на Ковид-19.
Министерот како најголеми жаришта на новата мутација ги посочи Кавадарци, Прилеп и Охрид.
Филипче вели дека во овие градови е забележан благ пораст на хоспитализации, но дека засега нема потреба од нови рестриктивни мерки.
„Ги пратиме бројките и ги анализиравме резултатите од секвенционирањето на геномите на вирусот од пациенти кои што беа дијагностицирани во Охрид, Кавадарци и во Прилеп. Прво да кажам дека евидентно е зголемувањето во изминатиот период на пациенти кај кои се детектира варијантата на британскиот сој и тоа од некои 20-тина проценти. Последните два дена резултатите покажаа дека се зголемува и до 50 проценти од вкупниот број на дијагностицирани”, изјави министерот Филипче кој денеска е во Велес.