Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска се обрати пред медиумите, при што зборуваше за тоа дали кај нас го има новиот сој на коронавирусот, како оној во Велика Британија.
Филипче објасни дека таков сој нема, но дека има неколку други мутации.
– Идентичен на тој во Велика Британија во нашата земја нема. Кај нас се детектирани 6-7 соја, рече Филипче.
Тој додаде дека сличен на нашиот вирус во моментов е забележан во други две земји.